Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОЛЦ-УКРАИНА МОЖЕ ДА СМЕТА НА НАШАТА ПОМОШ, НО НЕМА ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ ПОВИЦИТЕ НАТО: Германија нема да ризикува директен воен конфликт со нуклеарно вооружената Русија

ШОЛЦ-УКРАИНА МОЖЕ ДА СМЕТА НА НАШАТА ПОМОШ, НО НЕМА ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ ПОВИЦИТЕ НАТО: Германија нема да ризикува директен воен конфликт со нуклеарно вооружената Русија

Германскиот канцелар, Олаф Шолц изјави дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина е успорена и покрај секојдневните напади што ги нанесуваат неговите војници, и ја повика Москва „веднаш“ да ги прекине борбите.

-Офанзивата на Путин е заглавена и покрај целото уништување што го носи од ден на ден“, рече Шолц во говорот во германскиот парламент. Невидените санкции наметнати од западните партнери функционираат и само ќе донесат дополнителна штета на руската економија, предупреди германскиот лидер.

„Но, тоа е само почеток, многу од најтешките последици ќе се видат во наредните недели“, рече тој, предупредувајќи дека „Германија постојано воведува санкции“.

Путин „мора да ја слушне вистината“ дека не само што војната ја уништува Украина, туку и „иднината на Русија“.

Шолц истакна дека Германија стои до Украина. Укажувајќи на апелот на украинскиот претседател Володимер Зеленски за поддршка до Бундестагот минатата недела, Шолц рече: „Претседател Зеленски, Украина може да смета на нашата помош“.

Но, Шолц рече дека нема да ги поддржи повиците НАТО да помогне да се подигне зона на забранети летови над Украина или да испрати „мировни трупи“.

„Колку и да е тешко, ние нема да попуштиме во тоа“, рече тој, додавајќи дека Германија нема да ризикува директен воен конфликт со нуклеарно вооружената Русија.

Канцеларответи дека ќе ги поддржи бегалците од Украина, иако признава дека тоа ќе биде огромен предизвик.

„Сè уште е целосно нејасно колку жени, мажи и деца од Украина ќе бараат засолниште кај нас. Сè што знаеме е дека ќе ги има многу“, рече Шолц.

Тој додаде: „Бегалците се добредојдени овде кај нас“.

Шолц, исто така, рече дека запирањето на увозот на руска нафта не може да се случи преку ноќ, додавајќи дека ако чекорите се преземат пребрзо, тогаш Германија може да доживее рецесија и многу луѓе ќе ги загубат своите работни места.

„Санкциите не треба да ја погодат ЕУ посилно од руското раководство“, рече тој.


Слично

Поврзани вести