ШОЛЦ ПОТВРДИ ДЕКА ПИСТОРИУС Е НОВ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА ГЕРМАНИЈА: Тој е вистинската личност да го води министерствотo!
Германскиот канцелар Олаф Шолц го потврди назначувањето на социјалдемократот Борис Писториус за министер за одбрана, претставувајќи го како „вистинската личност“ да ја предводи „промената на ерата“ предизвикана од војната во Украина.
Писториус, министерот за внатрешни работи на покраината Долна Саксонија, е „високо искусен политичар кој со години се занимава со безбедносна политика“, се вели во соопштението на Шолц.
Повикувајќи се на извори во владата, медиумите претходно го објавија именувањето на Писториус.
Поранешниот министер за внатрешни работи на покраината Долна Саксонија е помалку познат политичар на национално ниво, наведува АФП.
Критикуваната германска министерка за одбрана Кристин Ламбрехт вчера му поднесе оставка на канцеларот Олаф Шолц.
ДВ наведува и дека можеби жена повторно би станала министер за одбрана, „ако канцеларката се придржува до принципот на еднаква застапеност на мажите и жените во кабинетот“.
Ламбрехт (57) е министер за одбрана од доаѓањето на Солац за канцелар во декември 2021 година.
Критичарите рекоа дека позицијата е над нејзиниот капацитет, а притисокот се зголеми неодамна по новогодишната видео порака на социјалните мрежи во која таа се осврна на војната во Украина со звуци на огномет во позадина.
Фото: EPA/ FELIPE TRUEBA