Шолц и Макрон по разговорот со Путин: Побаравме ослободување на бранителите на Азовстал и директни преговори со Зеленски
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска разговарале 80 минути преку телефон со од рускиот Владимир Путин и побарале од него да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, беше соопштено по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери.
Двајцата европски лидери „инсистираат на итен прекин на огнот и повлекување на руските војници“, се вели дополнително во соопштението.
Макрон и Шолц „го повикаа рускиот претседател да води сериозни директни преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и да најде дипломатско решение за конфликтот“.
