Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОЛЦ ДОЖИВЕА ПОРАЗ: Германците му дадоа црвен картон

ШОЛЦ ДОЖИВЕА ПОРАЗ: Германците му дадоа црвен картон

Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега - 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови. 

Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА.

Анкетите јавните радиодифузери ЗДФ и АРД, објавени веднаш по затворањето на гласачките места во Германија, покажуваат дека блокот ЦДУ/ЦСУ освоил меѓу 29,5% и 30%,АфД меѓу 16% и 16,5% од гласовите. 

Новооснованата популистичка партија Алијанса на Сара Вагенкнехт (БСВ) освоила околу 6% од гласовите.

Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија, а нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 пратеници во 720 члениот Европскиот парламент.

МИА

Слично

Поврзани вести