Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шолц: До 30 проценти од Германците не се за санкции или испорака на оружје

Шолц: До 30 проценти од Германците не се за санкции или испорака на оружје

Германскиот канцелар Олаф Шолц за денешното издание на весникот „Велт ам Зонтаг“ изјави дека до 30 отсто од Германците се против државната политика на санкции или испорака на оружје за Украина.

- За време на разговорот со граѓаните на Германија добив впечаток дека меѓу 20 и 30 отсто од нив не се согласуваат ниту со санкциите, ниту со испораката на оружје во Украина. Меѓу нив имаше поддржувачи на сите политички партии - изјави Шолц. пренесува ТАС С.

Сепак, Шолц додаде дека Германија ќе продолжи да му дава поддршка на Киев, вклучително и воена помош.

Слично

Поврзани вести