Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОЛЦ – ВО БАВАРИЈА СЕ СЛУЧИ ТЕРОРИЗАМ: „Убиствата што ги изврши Авганистанецот се терористички акт“

ШОЛЦ – ВО БАВАРИЈА СЕ СЛУЧИ ТЕРОРИЗАМ: „Убиствата што ги изврши Авганистанецот се терористички акт“

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди денешното убиство на две лица во Баварија од страна на Авганистанец чие барање за азил беше одбиено, наведувајќи дека тоа е терористички чин.

Шолц рече дека мора да се преземат одредени мерки како одговор на честите акти на насилство од мигрантите кои дошле да бараат заштита во Германија, без да прецизира кои, пренесе АП.

Тој нагласи дека властите мора да разјаснат зошто осомничениот Авганистанец се уште е во Германија, иако неговото барање за азил е одбиено. Шолц рече дека нападот, кој се случи нешто повеќе од еден месец пред парламентарните избори во Германија, мора да има последици.

Полицијата соопшти дека осомничениот за денешните убиства е 28-годишен авганистански државјанин кој извршил најмалку три чинови на насилство, секој пат кога добивал психијатриско лекување. Се претпоставува дека осомничениот пристигнал во Германија во ноември 2022 година и побарал азил на почетокот на 2023 година.

На 4 декември тој им кажал на властите дека доброволно ќе ја напушти Германија и ќе побара документи од авганистанскиот конзулат.

Една недела подоцна, германските власти официјално ја затворија процедурата за азил и му наредија да ја напушти Германија.

Но, наместо да замине веднаш, тој денеска со нож уби две лица, меѓу кои и двегодишно дете, во германскиот град Ашафенбург во Баварија, а тројца се повредени, меѓу кои и едно дете.

Нападот се случил во познатиот градски парк.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести