Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОЛЦ: Берлин е подготвен да ја поддржи обновата на Сирија

ШОЛЦ:  Берлин е подготвен да ја поддржи обновата на Сирија

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во денешниот телефонски разговор со привремениот сириски претседател Ахмед ал Шара, изјави дека Берлин е подготвен да ја поддржи обновата на Сирија.

Портпаролот на германската Влада изјави дека телефонскиот разговор помеѓу Шолц и Шара траел еден час, при што Шолц му честитал на сирискиот народ за соборувањето на режимот на поранешниот претседател Башар ал Асад, кој избега во Русија и таму доби азил.

Шолц се согласил со ал Шара дека на Сирија и е потребен инклузивен политички процес кој ќе овозможи учество на сите Сиријци и ќе им пружи остварување на правата и заштита.

Германскиот канцелар ја нагласил и важноста на постојаната борба против тероризмот за безбедност во Сирија, во регионот и ширум светот

Сириските бунтовници, предводени од Шара на 8 декември го соборија Асад. Шара ја предводеше исламистичката вооружена група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) пред да стане привремен претседател на Сирија. ХТС сè уште е на американската листа на терористички организации, иако ги прекина врските со Ал Каеда во 2016 година. 

Слично

Поврзани вести