ШОКИРАЧКИ МАСАКР ВО КАЛИФОРНИЈА - во куќа убиени се шест луѓе, меѓу нив и 17 годишна девојка и нејзиното бебе
Шест лица се убиени во дом во Гошен, Калифорнија, јавува ABC News. Меѓу убиените има и 17-годишна жена и нејзиното шестмесечно бебе, и двајцата биле застрелани во главата.
Шерифот на округот Туларе, Мајк Будро, изјави дека има преживеани и дека најмалку две лица се уште се во бегство како осомничени за нападот.
– Сметаме дека ова е личен, насочен напад врз семејството и веруваме дека со ова сакале да испратат порака – рече Бодро.
Властите веруваат дека во овој ужасен настан се вмешани банди.
- Некои жртви се пронајдени во куќата, а други на улица. Еден човек кој беше пронајден ранет кога пристигнаа полицајците, но подоцна беше прогласен за мртов во болница, рече шерифот.
- Имаме потенцијални информации кои се надеваме ќе доведат до потенцијални осомничени, но во моментов не можам да ги обелоденам во јавноста - изјави шерифот на насобраните новинари.
(ABC News)
