Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шокантно видео за полициска бруталност пак ги подгрева тензиите во Киев

Шокантно видео за полициска бруталност пак ги подгрева тензиите во Киев
Тензиите во Киев пак растат, додека демонстрантите на плоштадот во украинскиот главен град се уште очекуваат информации од средбата на опозицискиот лидер Виталиј Кличко со украинскиот претседател Виктор Јанукович. Пред неколку часа истече ултиматумот што демонстрантите му го дадоа на Јанукович, но се уште нема детали дали тој ги прифатил трите нивни барања - поништување на Законот за забрана на протести, оставка од Владата и скори претседателски избори во Украина. Она што повторно предизвикува револт кај демонстрантите се вознемирувачките видео снимки кои денеска ги објави весникот „Украинска правда“ на кои се гледа како украински полицајци се изживуваат врз еден од учесниците на протестите - го принудуваат да стои гол на снегот и студот, додека го фотографираат. Видеото погледнете го на следниот ЛИНК Освен снимките, демонстрантите се револтирани и од информациите дека еден учесник на протестите кој исчезнал пред два дена, бил пронајден мртов во блиската шума, со врзани раце и докази за физичко насилство. Неговото семејство се сомнева дека бил киднапиран додека отишол да побара медицинска помош. Претседателот Јанукович закажа вонредна седница на Парламентот за пет дена, на која треба да се расправа за излез од кризата во Украина. Во истовреме, нареди ослободување на новинарите уапсени на протестите. Сепак, премиерот Микола Азаров и денеска остро се обрати кон опозиционерите со порака дека украинската Влада нема да прифати ултиматуми. Тензиите денеска се проширија и во западните делови од земјата, откако стотици антивладини демонстранти ја зазедоа зградата на регионалната администрација во Лвов и го принудија регионалниот гувернер Олег Сало да потпише изјава за оставка.  
Слично

Поврзани вести