ШОКАНТНО УПАТСТВО НА ИСЛАМИСТИТЕ: Како да одгледате бебе џихадист
Екстремистичката организација, Исламска држава, издала водич за млади мајки со „корисни совети“ за одгледување на децата согласно со строгите правила на џигадистите, со примена на техники за кои се верува дека во тој правец ќе го развијат телото и духот на нивните нови генерации екстремистички борци.
Под насловот „Улога на сестрите во џихадот“, во својот последен пропаганден потег, ИД настојува да ги убеди своите лојални следбеници дека најважната улога што може да ја имаат жените во џихадот е да ги подигнат своите деца не само духовно, туку и да ги развијат нивните физички способности, пренесува „Russia today“.
ИД тврди дека клучот на успехот е всадувањето на овие вредности кај децата уште од најмала возраст.
„Немојте да чекате да наполнат седум години, бидејќи тогаш може и да е доцна“, предипредува ИД во прирачникот кој неодамна беше објавен на интернет.
ИД во својот водич ги охрабруваат идните мајки на своите деца да им раскажуваат приказни за екстремистичките борци, но и во потполност да забранат гледање телевизија бидејќи тоа, како што се наведува, ќе резултира со „ментални и физички загуби“. Единствено дозволено е користење на мултимедијални содржини кои ќе го зајакнат нивниот „џихадистички дух“.
За да ги заинтересираат своите деца за „светата војна“ и да ги поттикнат да станат „муџахедини“, ИД во прирачникот советуваат мајките да купат воени книги, по можност илустрирани, и други слични публикации, компакт дискови, видео снимки, и да посетуваат веб страни заедно со своите деца со цел да научат да користат и други извори на интернет.
На мајките им се препорачува во фантазијата на децата да создадат импровизиран непријател, да направат вреќа за удирање со цел децата да ја зголемуваат својата физичка сила и да го „контролираат и насочуваат својот бес“.
Испраните мозоци би биле насочени да ги мразат Западот и Соединетите Американски држави.
Во однос на физичките активности ИД ги советува мајкуте да ги научат своите деца да пукаат во мета, со помош на пластично оружје и играчки со воен дизајн.
Слично
