Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви - а најлошото допрва доаѓа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви - а најлошото допрва доаѓа

Невремето со грмотевици што ги зафати низините на јужниот дел на САД и Озарците усмртија најмалку 24 луѓе во четири држави и уништија стотици згради, а синоптичарите предупредуваат на влошување на времето.

Бројот на загинати во текот на викендот вклучува најмалку осум смртни случаи во Арканзас, седум во Тексас, четири во Кентаки и двајца во Оклахома, според државните служби за вонредни состојби, пишува Јутарњи лист.


Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, прогласи вонредна состојба рано во понеделникот, додека Националната метеоролошка служба соопшти дека до понеделник попладне било издадено предупредување за силна бура за делови од Џорџија и Јужна Каролина.

Поради невремето без струја останаа околу 300.000 луѓе во седум сојузни држави.

„Тоа беше тешка ноќ за нашиот народ“, објави гувернерот на Кентаки на социјалната мрежа X во понеделникот.

Тој подоцна на прес-конференција рече дека разорните бури ја погодиле речиси целата држава. Официјални лица соопштија дека 100 државни автопати и патишта биле оштетени во невремето.


Силен град го погоди Тексас, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како ледени топки паѓаат од небото со брзина на молња.

Националната метеоролошка служба предупреди на дополнителни бури во долините на Охајо и Тенеси, кои ќе донесат силни ветрови, град, торнада и обилни дождови кои би можеле да предизвикаат поројни поплави.

Најновите екстремни временски услови доаѓаат само неколку дена откако силно торнадо рикаше низ град во Ајова, убивајќи четири лица, а повеќе пијавици го погодија Тексас минатата недела.

Истовремено, метеоролозите најавуваат дека екстремно високи температури ќе го зафатат Тексас, каде се очекуваат температури и до 49 Целзиусови степени.

Во меѓувреме, САД се подготвуваат за она што владините метеоролози го нарекоа потенцијално „вонредна“ сезона на урагани во Атлантикот што започнува на 1 јуни.

Нова.рс

Слично

Поврзани вести