ШОКАНТЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ: Да е емоционално интелигентен, но со ниско его
Принцот и војвотката од Велс се во потрага по нов извршен директор кој е „емоционално интелигентен“ и со „ниско его“ за да го надгледува нивното кралско домаќинство.
Традиционално, некој со воено потекло, често поранешен висок офицер, обично ќе ја надгледува работата на канцеларијата на постар член на кралското семејство во својство на „господар на домаќинството“.
Но, овој извршен директор би бил во директен контакт со кралската двојка, како одраз на помодерен пристап во управувањето со нивните кралски работи.
Под „вештините и атрибутите“ што се бараат од успешниот кандидат, во огласот се вели: „Инспиративен внатрешен шампион, кој ќе ги енергизира другите со позитивност, ентузијазам и амбиција. „Емоционално интелигентен“, со „ниско его“ и силно само- свесност и разбирање за нивното влијание врз другите“.
