Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОК ЗАКОН ОД БРИСЕЛ: Деновите на Дизелашите одброени

ШОК ЗАКОН ОД БРИСЕЛ: Деновите на Дизелашите одброени

Европскиот парламент усвои строги прописи кои имаат за цел да спречат повторување на скандалот со Фолксваген со манипулацијата на емисија од штетни гасови.

За нацрт законот, кој ќе ја зголеми контролата на Брисел и овозможи изрекување на казни на автомобилските произведувачи во износ до 30 000 евра по возило, гласале 585 пратеници, додека 77 од нив биле против.

„Новите мерки на крај ќе ги отстранат дизел автомобилите од патиштата. Дизел возилата нема да исчезнат одеднаш, но после овогодишната работа, прилично сум уверена дека ќе исчезнат многу побрзо отколку што можеме да замислиме“, изјавила европската комесарка за индустрија Елжбиета Бјенковска.

Според новиот закон, автомобилските компании веќе нема директно да вршат уплата до агенцијата за тестирање, а членките на ЕУ ќе мора да финансираат центри за тестирање на издувни гасови.

Претставниците на Брисел исто така ќе добијат овластување да спроведат контрола на возилата и да одредат казна во случај на прекршок.

Овој закон, меѓутоа, допрва треба да биде финализиран во преговорите на европските парламентарци, ЕК и земјите членки.

Слично

Поврзани вести