ШОК ЗА ЕГИПЕТ: Лажичката сепак не падна во гас
Се покажа дека залихите на гас во египетското наоѓалиште Зохра се помали од половина отколку што веднаш после откривањето во 2014 е објавено.
Ако во првите соопштенија на италијанската компанија „Ени“ е говорено за 849 милијарди кубни метри гас, според сегашните податоци на залихите на гас на Зохра изнесуваат само 453 милијарди кубни метри гас.
Да потсетиме дека веднаш после откривањето на наоѓалиштето на гас во Зохра египетските власти објавија дека запираат со потпишување на нови договори, додека раководството на компанијата „Ени“ изјави дека експлоатацијата на гасното наоѓалиште ќе почне во најкраток рок.
Зохра се наоѓа недалеку од веќе постоечката инфраструктура на компанијата „Ени“ во Египет, што значајно ја олеснува работата. Притоа според одлуката на египетските власти, гасот од наоѓалиштето ќе биде користен исклучиво за домашни потреби.
