Шок во фудбалскиот свет: Диого Жота, ѕвездата на великанот Ливерпул почина во сообраќајка
Во сообраќајна несреќа во Шпанија починал португалскиот фудбалер и член на тимот на англискиот фудбалски великан Ливерпул, Диого Жота (28), инаку актуелен португалски репрезентативец и еден од играчите со кои во мај беше освоена премиерлигата.
Несреќата се случила во покраината Замора, на 65-тиот километар од автопатот А-52 во близина на општината Паласиос се Санабрија. На самото место загинал и неговиот брат Андре (26).
Жота беше член на Ливерпул од 2020 година, а беше стандарден во дресот на португалската репрезентација со која летово ја освои Лига Европа во финалето против Шпанија.
Слично
