ШОК ВО ЕГИПЕТ, ПАЃАШЕ ГРАД ПА СНЕГ: Туристите во Хургада бегаа во паника
На првиот ден од 2022 година падна голем град, но и снег во египетското одморалиште Хургада. Мештаните и туристите објавија фотографии и снимки од невремето на социјалните мрежи.
Поради лошото време, властите на неколку провинции во Египет најавија затворање на училиштата во недела на 2 јануари, пренесува Egypt Today. Се повикуваат жителите да се држат настрана од дрвја, билборди и лампиони.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат како Хургада била побелена за краток временски период. На снимката беа прикажани топчиња од мраз, од кои некои беа со големина на тениски топчиња.
Туристите биле шокирани од глетката на која присуствувале. Бегале по хотелите за да се извлечат од снегот и градот, што покажуваат и некои видеа на социјалните мрежи.
