Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шок во авион: „Непознати патници“ можеле да предизвикаат катастрофа

Шок во авион: „Непознати патници“ можеле да предизвикаат катастрофа
Патнички авион на „Ер Индија“ морал да остане приземјен откако екипажот непосредно пред летот открил стаорци во пилотската кабина, пишува Тајмс оф Индија. Авионот требало да лета од Њу Делхи за Калкута. „Стаорците во авионот можат да предизвикаат несреќа ако започнат да ги гризат електричните кабли. Ако се случи тоа, пилотите можат да загубат контрола над авионот што може да заврши со катастрофа“, рекол претставник на компанијата. Сепак, тој нагласил дека „стаорци во авионите се вообичаена појава во цел свет“. „Привлечени од мирисот на храната одат по количките со кои храната се внесува во авионот“, појаснува тој. Сличен настан во Индија се случил во 2009 година.  
Слично

Поврзани вести