ШОК ВЕСТ ОД КАТАР: Зошто оваа земја реши да си оди од клубот на нафташи?
Светските медиуми утринава пренесоа вест која предизвика вистинска бура во ОПЕК.
Катар ќе стане првиот производител на нафта кој ќе го напушти нафтениот картел ОПЕК и ќе се фокусира на своите гасни полиња. Веста беше соопштена официјално од Сад Шерид ал Каби, енергетскиот министер на земјата, која е во лоши односи со соседите Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Катар следната година ќе го напушти картелот, пишуваат сите светски медиуми. Таа земја е член на ОПЕК од 1961 година, една година по основањето на здужението. Според Каби, Катар веќе почна да бара начини да го зголеми своето влијание надвор, и оставајќи го ОПЕК прва акција во оваа насока.
Одлуката доаѓа во услови на сериозна политичка ситуација за Катар. Минатата година, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин наметнаа трговско ембарго за земјата за наводите за врски и спонзорство на терористички групи. Најмали во картелот Катар е најголемиот производител на течен природен гас во светот, но не стојат така работите и во однос на производство на нафта. Заминувањето на Катар нема да влијае силно на картелот, бидејќи земјата произведува едвај 609 илјади барели нафта на ден (под 2% од вкупната продукција на картелот), според податоците на ОПЕК за октомври. Катар ќе се фокусира на природниот гас како можност да го зголеми своето влијание меѓу другите земји. Одлуката на Катар исто така доаѓа во момент во кој земјите надвор ОПЕК како Русија стануваат гласовити во наметнувањето на светската нафтена политика заедно со Саудиска Арабија, најголемиот производител во картелот и неговиот лидер во пракса. Следниот состанок на ОПЕК ќе биде кон крајот на оваа недела, во четвртокот, во Виена. Очекувањата се на картелот повторно да донесе одлука за пониско производство на нафта, за да закрепнат цените кои паднаа од 86 долари за барел во октомври до под 60 долари на крајот на минатата недела. Брентот се зголеми за речиси 5 отсто по вестите од Катар и надмина 62 долари за барел. Гасни надежи Сега најголемиот во светот извозник на течен природен гас ќе работи за зголемување на производството на овој извор на енергија од 77 милиони тони годишно до 110 милиони тони. Земјата веќе произведува речиси една третина од природниот гас во светот,. Според Ал Каба Доха „работи во последните неколку години, за да развие идна стратегија базирана на раст и експанзија како во активностите дома, така и надвор“. Фото: Ројтерс
