Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)
Невидена тепачка изби во петокот на седницата на тајванскиот парламент на која требаше да се гласаат реформите на тој законодавен дом!
Многу пратеници извикуваа и се туркаа пред законодавниот дом. На снимката од салата се гледа како пратениците се бркаат меѓу себе околу говорницата, додека други ги прескокнуваат масите и ги соборуваат колегите. Камерата сними и неверојатна сцена кога пратеник на владејачката партија го грабнува пакетот реформи од рацете на опозицијата и бега низ салата.
— Pluton (@Pluton45873221) May 18, 2024
Инцидентот се случи само неколку дена пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг Тех да ја преземе функцијата. Лаи, кој треба да биде инаугуриран во понеделник, победи на изборите во јануари, но неговата Демократска напредна партија (ДПП) оттогаш го загуби мнозинството во парламентот.
Така, главната опозициска партија Куоминтанг (КМТ) сега има повеќе места од ДПП, но сепак не е доволно за самостојно да формира мнозинство, па работеше со малата Тајванска народна партија (ТПП) за да ги промовира нивните заеднички идеи.
Опозицијата сака да му даде на парламентот поголеми овластувања да ја надгледува владата. Ова го вклучува и контроверзниот предлог за криминализирање на функционери за кои се смета дека дале лажни изјави во парламентот.
ДПП вели дека КМТ и ТПП несоодветно се обидуваат да протуркаат предлози без вообичаениот процес на консултации.
фото: принтскрин
