Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОК ПРЕД НОВА ГОДИНА! Брачен пар од Италија изгоре 20 илјади евра, мажот мислел дека добро ги сокрил

ШОК ПРЕД НОВА ГОДИНА! Брачен пар од Италија изгоре 20 илјади евра, мажот мислел дека добро ги сокрил

Еден необичен случај се случил во Рим, кога жена му ги запалила и изгорела дури 20.000 евра на сопругот.

Новогодишните и божиќните празници внесуваат празничен дух во домовите на многу луѓе, тие се посреќни, повесели и едвај чекаат да се соберат со своите најблиски.

Сепак, како и секогаш, постојат исклучоци. Во едно семејство, Новата 2023 година, која се уште не пристигна, веќе им прекипе.

Според италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, во Рим се случил необичен случај, кога сопругот Марио решил да скрие пари претворени во обврзници, во износ од 20.000 евра, ни помалку ни повеќе, без да ја извести сопругата дека се скриени во каминот. Мислеше дека тоа е најбезбедното место каде што потенцијални крадци не би помислиле да пребараат. Меѓутоа, едно нешто што тој не го предвидел е дека неговата сопруга ќе го запали каминот.

- Мојата сопруга не знаеше дека ги скрил таму. Секоја година, пред да го запалам огнот, ги преместувам парите. Сега, кога го видов пламенот, сакав да се онесвестам - рекол Марио, пренесуваат италијанските медиуми.

Според него, не очекувал дека каминот ќе светне уште неколку дена, со оглед на тоа што температурите во Рим во овој период од годината се натпросечни. И покрај тоа, сопругата решила малку порано да создаде божиќна и новогодишна атмосфера и го запалила каминот, а кога сопругот и кажал што има во каминот, веќе било доцна. Заштедите веќе во голема мера се претворија во пепел.

Слично

Поврзани вести