Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОЈГУ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ:„Сакаат да се борат до последниот Украинец“

ШОЈГУ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ:„Сакаат да се борат до последниот Украинец“

Вашингтон и западните држави што ги контролираат прават се за да ја продолжат специјалната воена операција на Русија и се подготвени да се борат до „последниот Украинец“, или поконкретно, интензивирањето на снабдувањето со странско оружје ја покажува нивната намера да го охрабрат режимот во Киев да се бори до последниот Украинец, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот со военото раководство.

Во исто време, како што нагласи тој, акциите на руската армија и квалитетната употреба на оружјето уште еднаш покажале дека руското воено-политичко раководство правилно ги одредило приоритетите на руските вооружени сили.

Тој изјави дека Москва доследно го спроведува планот за ослободување на ЛНР и ДНР.

„Руската армија ги исполнува задачите поставени од врховниот командант за време на специјалната воена операција. Планот за ослободување на Доњецката и Луганската народна република доследно се спроведува, а се преземаат мерки за воспоставување мирен живот“, се вели во соопштението на министерот.

Според него, руската армија која учествува во операцијата покажува храброст и херојство во извршувањето на воената должност.

ФОТО: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести