Шојгу вели дека ќе се фокусираат на Донбас
Сега ќе се фокусираме на „ослободување“ на Донбас, вели рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој рече дека сега главната цел на Москва во Украина е „ослободување“ на регионот Донбас. Вели дека операцијата ќе продолжи се до исполнување на целите.
„Воздухопловните сили и воздушната одбрана на Украина се практично уништени, нејзината морнарица престана да постои, значителни загуби претрпеа сите формации на украинските копнени и воздушни јуришни сили“, наведе министерот.
Тој велеше дека 1.100 странски платеници се убиени или протерани од Украина во изминатите две недели, пренесе државната новинска агенција РИА новости.
Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак вели дека резулатите од денешната средба во Турција се доволни за средба на лидерско ниво, јави Анадолија.
За потсетување, Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск, каде живее руско население.
