Шојгу се надева на поголема воена соработка со Србија
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, по состанокот со српскиот министер за одбрана Александар Вулин во Москва се надева дека двете земји ќе ја зголемат соработката во одбраната.
- Се надевам дека динамиката што ја имаме во воената и воено-техничката соработка не само што ќе остане сочувана, туку и ќе биде зголемена, нагласи Шојгу.
- Тоа секако, се однесува на воената соработка, заедничките вежби, како и на размената на делегации, не само на ниво на висока команда, туку и на ниво на средна и ниска, прецизираше Шојгу.
Шојгу и Вулин присутвуваа на полигонот во Алабин, во близина на Москва, на финалната трка на тенковскиот баталјон, каде победи руската екипа, а Србија го зазема шетото место.
Слично
