Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОЈГУ: ПАК ЌЕ ИМАМЕ ГОЛЕМ И СИЛЕН СОВЕТСКИ СОЈУЗ - шокантен говор на рускиот министер за одбрана

ШОЈГУ: ПАК ЌЕ ИМАМЕ ГОЛЕМ И СИЛЕН СОВЕТСКИ СОЈУЗ - шокантен говор на рускиот министер за одбрана

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу првпат и се обрати на јавноста во врска со војната во Украина. 

Украинскиот дипломат Олександр Шерба го сподели видеото од обраќањето на Твитер, пренесува „Мондо.рс“.

- Сето ова е само привремено. Повторно ќе биде добро. Ќе имаме нов Советски Сојуз, голем и силен. Повторно ќе има мир. Никој нема да замине - рече Шојгу. 

- На оние кои мислат дека сето ова се случува затоа што НАТО отишол предалеку - слушате ли - напиша Шерба во твитот.




Украина претходно соопшти дека неиспровоцираниот конфликт е обид за повторно заземање на земјата, која беше ослободена од власта на Москва со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Шокантната изјава на Шојгу доаѓа кога судбината на втората по големина електрана во Украина се спушти на конец во средата, откако силите поддржани од Русија тврдеа дека ја зазеле недопрена, но Киев не го потврди нејзиното заземање, велејќи само дека борбите се во тек во близина.

Фото: Принскрин/Твитер


Слично

Поврзани вести