Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

Војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година.

Ваков став изнесе рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. 

„Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година. Со доследно спроведување на мерките и плановите за активности до 2025 година ќе ги постигнеме поставените цели“, вели Шојгу.

Видеото го објави Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи. 

„Какви цели си поставија? Руската армија целосно ќе се распадне? Ќе има „негативна офанзива“ сè до Москва? Сè што е можно ќе биде украдено од рускиот буџет до 2025 година?“, прашува Герашченко.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. Иако се очекуваше дека Украина за неколку дена ќе капитулира, тоа не се случи. Таа добива оружје од западните партнери. 


Слично

Поврзани вести