Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојгу објасни зошто успорија со воените дејствија во Украина

Шојгу објасни зошто успорија со воените дејствија во Украина

Воената кампања во Украина е намерно успорена за да се намалат цивилните жртви, вели рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Русија во Украина во последните месеци направи мал напредок, откако нејзините трупи се повлекоа од Киев во првите седмици на војната, пишува Ројтерс.

„Сè се прави за да се избегнат жртви меѓу цивилите. Нормално, тоа го успорува темпото на офанзивата, но ние тоа го правиме намерно“, кажа Шојгу на состанок на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Узбекистан.

Денеска се навршија шест месеци од почетокот на војната во Украина. 

Украина го слави денот на независноста, а претседателот Володимир Зеленски кажа дека крајот на војната ќе биде кога ќе победат. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Русија треба да го врати Крим на Украина. 

Слично

Поврзани вести