Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојгу му репортираше на Путин: Луганск е целосно ослободен

Шојгу му репортираше на Путин: Луганск е целосно ослободен

Руските сили го опколија источниот украински град Лисичанск, последното големо украинско упориште во регионот Луганск, а борбите се водат во самиот град, објавија светските агенции, повикувајќи се на руски воени извори, а не долго потоа, пристигнаа вести од Кремљ дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал претседателот на Руската Федерација Владимир Путин дека е ослободена „Луганската Народна Република“ (ЛНР), мислејќи на една од двете самопрогласени држави во украинскиот Донбас.

Шојгу му рекол на Путин дека е воспоставена „целосна контрола“ врз ЛНР, во кој бил вклучен и градот Лисичанск.

Новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, претходно објави дека руските сили ги зазеле селата околу Лисичанск и „сега се борат со украинските сили во самиот град“.

„Руските сили и единици на Луганската народна република се борат внатре во Лисичанск, победувајќи го целосно опкружениот непријател“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, по што пристигна горенаведената вест од Кремљ.

Генералштабот и Министерството за одбрана на Украина не одговорија на барањата на странските западни агенции за коментар на руските тврдења.

Русија е фокусирана на протерување на украинските сили од провинциите Луганск и Доњецк во Донбас, каде што сепаратистите поддржани од Москва се борат против Киев од 2014 година.


Слично

Поврзани вести