Шојгу им нареди на руските трупи да ги „засилат акциите“ во Украина
Руското Министерство за одбрана соопшти дека за време на „инспекцијата“ на руските војници кои се борат во Украина, Сергеј Шојгу „го посетил командното место Југ и Центар“.
Шојгу, пишува РИА Новости, им наредил на војниците веднаш да ги засилат своите напади, пренесува „Данас.рс“.
Тој рече дека започнува акцијата за „спречување масовни напади на вооружените сили на Украина врз цивили“.
На 24 февруари Русија ја започна својата инвазија на Украина со цел да ја „денализира и демилитаризира Украина“. Владимир Путин нејзината задача ја нарече „заштита на луѓето кои осум години се изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.
Всушност, сведоци сме на секојдневно уништување на украинските градови и намерно таргетирање на цивили.
