Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојгу ги повлекува руските војници од Херсон

Шојгу ги повлекува руските војници од Херсон

Русија ги повлекува своите војници од Херсон во Украина. 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на своите војници да се повлечат од западниот брег на реката Днепар поради украинските напади во близина на јужниот град Херсон, објави пред малку Ројтерс. Командантот на руските трупи во Украина, генералот Сергеј Суровикин, му предложил на министерот за одбрана Шојгу да го напуштат тој дел. Извештајот на Суровикин до министерот го емитуваше ТВ каналот Русија 24. Шојгу се согласи со предлогот на Суровикин.

Пред неколку недели, украинските сили започнаа офанзива за ослободување на Херсон. Областа околу Херсон е единствената територија под руска контрола на западниот брег на реката Дњепар.


Заменик-шефот на администрацијата на регионот, Кирил Стремусов загинал во сообраќајка, пренесува РТ. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести