Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојгу даде одговор дали ќе мобилизираат уште луѓе за војната во Украина

Шојгу даде одговор дали ќе мобилизираат уште луѓе за војната во Украина

Во Русија е завршена делумната мобилизација на 300.000 воени резервисти, од кои десетици илјади веќе се испратени во борбени зони. 

Од мобилизираните 300.000 резервисти, 218.000 и натаму се на обука, додека 82.000 се распоредени во борбени зони. Од нив, половина се во активниот состав на руските единици.

„Задачата што ја поставивте за мобилизација на 300.000 луѓе е комплетирана. Некои други мерки не се планирани“, вели министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. 

Вели дека во иднина, регрутирањето за војната во Украина ќе се базира врз доброволци и професионални војници.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација на 21 септември по серија воени неуспеси во Украина. Околу 700.000 луѓе избегаа од земјата за да ја избегнат мобилизацијата. 

Украина откако виде дека во Русија имаше отпор кај луѓето кои беа мобилизирани, односно имаше и тепачки на пунктовите за мобилизација, ги повика руските војници да се предадат гарантирајќи им хуман третман, ветија дека никој нема да знае под кои услови се предале, и дека ако се плашат подоцна да се вратат во Русија, ќе се погрижат и тоа прашање да го средат. Руската инвазија во Украина почна на 24 февруари, а најжестоки борби сега се водат во Херсон и Бахмут. 

Слично

Поврзани вести