Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојбле прогнозира излез на Грција од рецесија по 2014 година

Шојбле прогнозира излез на Грција од рецесија по 2014 година

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле прогнозира дека од 2014 година Грција ќе почне да излегува од рецесија и ќе забележи раст на БДП, што ќе е поголем од растот на долгот, објави весникот „Етнос“.

Шојбле повторно ја отфрли можноста за ново отпишување на грчкиот долг.

- Грција во 2014 година би можела да го остави зад себе најлошото, изјави германскиот министер за финансии за весникот „Цајт“, нагласувајќи дека имало „кратење“ на нејзиниот долг во 2011 година и дека грчките државни обврзници биле доброволно намалени од недржавни кредитори за 53 проценти.

Тоа нема повторно да се случи, второ „кратење“ на грчкиот долг нема да има, истакна Шојбле.

Слично

Поврзани вести