Шојбле предложи „имигрантски“ додаток на бензините во цела Европа
Министерот за финансии на Германија предложил во сите земји од Европската унија да биде воведен посебен додаток во цената на бензините со која ќе се покријат трошоците поврзани со имигрантите и бегалскиот бран, како оние за заедничка безбедност на границите.
Идејата на Волфганг Шојбле веднаш беше поздравена со критики во својата конзервативна партија, како и од партнерите во управувањето - германските социјалдемократи.
„Реков дека ако фондовите во националните буџети и во буџетот на ЕУ се покажат недоволни, тогаш ќе се договориме, на пример, да собираме посебна такса од секој литар бензин“, изјавил тој во интервјуто објавено во саботата во весникот „Зидојче цајтунг“.
„Треба веднаш да ги обезбедиме надворешните граници на Шенген. Решението на овие проблеми не смее да се избегнува поради недостиг на средства“, го цитираше „Ројтерс“.
Запрашан дали сите земји во ЕУ треба да ги зголемат исплатите кон Брисел за финансирање на заедничките трошоци поврзани со бегалците, Шојбле одговорил: „Дури и некој да не сака да плаќа, јас сум подготвен да го натерам. Во таков случај ќе изградиме „коалиција која сите ја сакаат“.
Шојбле не наведува колку голем ќе биде додатокот на цената на бензинот и дали таа ќе се собира од Еврокомисијата или од секоја земја членка, додава агенцијата.
„Категорично сум против било какво зголемување на даноците во контекст на добрата состојба на буџетот“, реагираше Јулија Клокнер, пратеник од христијандемократите кои се натпреваруваат на регионалните избори во западната провинција Рајнланд-Палатинат во март.
„Ние, Социјалдемократите, сакаме пари да собира општеството, а не да го делиме со нова такса како што вели Шојбле“, изјавил колегата од нејзиното лево крило Ралф Шегнер.
Минатата година Германија заврши за прв пат по повеќе од 45 години со буџетски суфицит од 12,1 милијарди евра, од кои дел ќе се користат за сместување и интегрирање на бегалците и имигрантите.
