Шојбле е оптимист за договор со Велика Британија која сака реформирање на ЕУ
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјавил дека европските сили можат да склучат договор со Велика Британија во врска со нејзиното барање за реформи во ЕУ. Според него условите се уште можат да дозволат подлабока интеграција на членките на еврозоната.
Минатата недела германската канцеларка Ангела Меркел ги поддржа предлозите на британскиот министер за финансии Џорџ Озборн за транзиција кон „Европа со две брзини“. Лондон зборува за поголема интеграција помеѓу земјите од еврозоната и исклучок за Велика Британија од најблиските на унија меѓу земјите членки.
Британскиот премиер Дејвид Камерон се противи на трансферот на уште овластувања кон ЕУ и сака да преговара за односите со Брисел, пред да биде распишан референдум до крајот на 2017 година за тоа дали Велика Британија да остане во блокот. Се очекува во вторник тој да ги претстави своите предлози за реформите, кои ќе вклучуваат гаранции за заштита на суверенитетот на националните влади и ограничување на социјалната помош за имигрантите.
Тешка задача
Камерон се соочува со тешка задача да ги убеди другите европски лидери дека реформите се прифатливи, и истовремено со тоа да ги убеди евроскептиците дома дека тие се значајни. Тој тврди дека сите опции се на маса, ако британските барања се игнорираат.
„Британските барања да имаме фер правила ќе бидат исполнети. Мислам дека можеме да го направиме тоа“, изјавил Шојбле. Според него може да се најде решение кое ќе гарантира дека сите правила се фер за земјите кои се во и надвор од еврозоната, но не навлезе во детали како може да се постигне тоа. „Британската влада не негира дека монетарната унија треба да се засили“, коментирал Шојбле.
Меркел сака Велика Британија да остане во ЕУ и посочи дека ќе направи се што може за да ја убеди земјата да не го напушта блокот. Озборн од своја страна го повика Берлин да се осигура дека одлуките на еврозоната нема да бидат наметнати врз Лондон, и вети во замена помош на земјата во зајакнување на монетарната унија. Во понеделникот холандскиот премиер Марк Роуте ја предупреди Велика Британија дека останувањето надвор од најголемиот трговски блок во светот ќе и наштети на економијата и на британскиот статус на глобалниот финансиски центар, пишува „Bloomberg“.
На средбата со Конфедерацијата на британските индустријалци Камерон изјавил дека земјата сигурно може да преживее надвор од Европската унија. „Ако ЕУ е разноврсна доволно, ние ќе останеме. Ако не е, треба да си поставиме многу сериозно прашање, имено дали оваа организација е за нас“, изјавил Камерон пред бизнис лидерите, од кои повеќето се загрижени од евентуално излегување од ЕУ.
Во понеделникот се појави информација дека Камерон сака одржувањето на референдумот за ЕУ да биде во јуни следната година, ако европските лидери се согласат со неговите реформи на самитот во декември. Од „Даунинг стрит“ 10 ги отфрлија овие тврдења, нарекувајќи ги невистинити.
Надвор или внатре
Според неодамнешните анкети повеќето Британци сакаат останување на земјата во ЕУ, иако разликата помеѓу нив и инсистирањето на „Brexit“ е намалено во последниве месеци, како многу од испитаниците го наведуваат срамот од имиграцијата.
Организацијата која агитира за заминувањето од ЕУ, тврди дека барањата на Камерон најверојатно ќе бидат „незначителни“. „Општеството го сака крајот на владеењето на законите на ЕУ и враќањето на контролата врз нашата економија, граници и демократија. Единствениот начин тоа да се случи е да гласаме да заминеме. Владата е во паника со што и луѓето гледаат дека повторни преговори е нечесен начин за киднапирање на вниманието“, велат од организацијата.
