Шојбле ги повика Германците ако треба да облечат и втор џемпер и да не кукаат
Eкс претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле ги повика Германците да не се жалат премногу, туку да облечат џемпери.
Тој рече дека кога ќе се смрзнуваат, Германците можеби ќе треба да облечат и втор џемпер. Еден ден претходно, федералната влада, заедно со комисија експерти, претстави план за ограничување на цената на гасот. Но, според Шојбле, Германците не треба да се потпираат само на помошта на политичарите.
„Ако им сугерираме на луѓето дека сè е неограничено, ние прекумерно ја експлоатираме државата“, изјави тој во интервју за Билд.
Русија го прекина снабдувањето со гас, и Германија ја чека тешка зима. Многу други европски земји се во иста ситуација, и мораат да штедат.
Слично
