„ШЛАКАНИЦА“ ЗА ШОЛЦ: Германски експерти ја оценија неговата економска политика, резултатот воопшто не е добар
Германските експерти оценија дека економската политика на владата на канцеларот Олаф Шолц не е добра. До овој заклучок дошле откако подготвиле студија потпишана од професори по економија на универзитетите низ земјата.
Наодите на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен и весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) велат дека на скала од еден до шест кабинетот на Шолц добил четворка.
Само два отсто од анкетираните професори по економија сметаат дека економската политика на Владата е „многу добра“, а 13 отсто дека е „добра“. Во истражувањето, спроведено меѓу 19 и 26 септември, учествуваа 205 професори по економија кои ја оценуваа економската политика на владата на половина од нејзиниот мандат.
Спротивно на тоа, четвртина од анкетираните ја оценуваат економската политика на владата како „задоволителна“, а по 14 проценти оцениле „доволна“ и „незадоволителна“. Повеќето испитаници, речиси една третина, сметаат дека германската економска политика е „слаба“, додека четири отсто не го знаеле одговорот.
