Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШКОТСКА: Заедно, сепак е подобро!

ШКОТСКА: Заедно, сепак е подобро!
Шкотска останува дел од обединетото кралство. Граѓаните на оваа земја се за заедништво. Кампањата „Заедно е подобро“ даде одлични резултати. Резултатите од вчерашниот референдум во Шкотска покажуваат дека повеќето граѓани се за останување во Обединетото кралство. На прашањето: „Дали Шкотска треба да биде независна држава“ 55 насто од гласачите одговориле негативно, додека 45 насто позитивно. Одѕивот на гласачите беше висок, околу 85 проценти. Приврзаниците за Велика Британија беа убедливо побројни во Глазгов кој е најголем град. Се очекува изјава на кралицата но и на премиерот Камерон кој треба да соопшти поконретно кои се мерките со кои ќе се зајакнат механизмите за зголемувањето на автономијата на Шкотска во рамките на Велика Британија како што самиот вети пред гласањето во обид да ги засили позициите на противниците на независноста.
Алекс Салмонд, лидерот на Шкотската Национална партија која го покрена референдумот го призна поразот наведувајќи дека Шкотска решила барем засега да не се одвојува од Обединетото кралство. Тој додаде дека очекува Лондон брзо да ги исполни своите ветувања за давање поголеми овластувања на Шкотска. Околу 4,3 милиони Шкоти со право на глас имаа можност вчера да заокружат со „да“ или „не“ на гласачкото ливче со историското прашање: „Дали Шкотска треба да биде независна држава? Последните анкети даваа блага предност на приврзаниците против независноста.
Слично

Поврзани вести