Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШКОТСКА НЕЗАВИСНОСТ: Што ќе се случи со нуклеарното оружје на Велика Британија?

ШКОТСКА НЕЗАВИСНОСТ: Што ќе се случи со нуклеарното оружје на Велика Британија?
Назависноста на Шкотска претставува причина за загриженост на британските сојузници, бидејќи во Шкотска се наоѓа британскиот нуклеарен арсенал, пишува Ал Џазеира. Арсеналот е сместен на нуклеарни подморници, во длабоки заливи опкружени со високи планини. Граѓаните на Шкотска утре на референдум треба да се изјаснат за независност на земјата и тоа го отвора прашањето за префрлање на нуклеарниот арсенал. Но, дел од познавачите сметаат дека тоа нема да биде особено тешко прашање, бидејќи жителите на Шкотска секако не сакаат да го чуваат нуклеарното оружје во својата земја. „Во Шкотска веќе подолго време владее широк консензус против нуклеарното вооружување. Референдумот за независност утре, на некој начин е и референдум за нуклеарното вооружување“, смета Џејми Вотсон, активист против нуклеарното вооружување. Сепак, експертите сметаат дека Велика Британија не случајно ја избрала Шкотска за место каде што ќе го складира нуклеарниот арсенал. Никаде на друго место во Велика Британија нема толку поволна локација - заливите во овој дел се исклучително длабоки, а подморниците можат да се скријат и брзо да отпловат по потреба.
Слично

Поврзани вести