Шкотска ja обнови идејата за напуштање на Велика Британија
Шкотска ја обновува идејата за евентуално одвојување од Велика Британија по одлуката за напуштање на ЕУ, донесена на референдумот на 23 јуни.
Првиот министер на Шкотска Никола Страџен објави дека започна политичко сослушување на јавното мислење за спроведување на нов референдум за одвојување на земјата од Велика Британија.
Потсетуваме дека во септември 2014 година земјата одржа анкетирање на граѓаните, на што излегувањето од Велика Британија беше одбиено.
Според Страџен сепак, „Велика Британија, која постоеше пред 23 јуни, е променета од корен“ и претстојат сеизмички промени кои ќе имаат длабоко влијание врз амбициите на земјата. Таа изјави дека е подготвена да започне дебата за преглед на независноста.
Порано и Шкотската национална партија вели дека членството во ЕУ е клучен фактор гласачите во Шкотска да одлучат да останат дел од Британија.
