Шкотска е подготвена за независност, но нема решение за валутата!
Шкотските лидери водат кампања за независност пред претстојното референдумско изјаснување закажано за 18 септември, но уште никој од нив нема одговор на едно од најважните прашања - која ќе биде националната валута на Шкотска доколку се отцепи од Велика Британија?
Шкотскиот премиер и лидер на националистите Алекс Салмонд сака Шкотска во случај на независност да ја задржи британската фунта, но во Лондон сите три најголеми партии јасно порачуваат дека таква монетарна унија не е возможна доколку референдумот за независност успее.
Приврзаникот на Унијата и лидер на кампањата „Бодобро е заедно“ Алистер Дарлинг го запраша Салмонд на еден од телевизиските дуели пред референдумот дали има резервен план за шкотската валута.
Салмонд во толкава мера се обидувал да го избегне одговорот на ова прашања, што публиката во еден момент го исвиркала со негодување.
Во меѓувреме, две големи британски банки, кои се во делумна сопственост на британската Влада - Лојдс и Кралската банка на Шкотска - најавија дека во случај на независност на Шкотска ќе ги префрлат своите активности во Лондон.
Шкотскиот министер за финансии Џон Свини оцени дека одлуката на банките е токму последица на одбивањето на Лондон да ја прифати монетарната унија со независна Шкотска.
Според експертите, монетарната унија има многу предности, но и недостатоци. Предноста е што при монетарна унија не би имало трошоци во трансакциите. Од друга страна, монетарната унија претставува и ризик, а како пример се наведува кризата на еврото.
Слично
