Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкотска до 2050 целосно ќе премине на електромобили

Шкотска до 2050 целосно ќе премине на електромобили
До 2050 година, шкотската влада сака целосно да се ослободи од автомобилите со бензински и дизел мотори. Парламентот објави нов извештај во кој е понуден план за фазна електромобилизација на државните структури, приватните компании и населението. Властите планираат прво да почнат од себе. За да ја замени флотата на службените автомобили со мотори на фосилни горива, со електрични, во Шкотска ќе бидат потрошени 14 милиони фунти. Покрај тоа, програмата подразбира поставување на станици за полнење до сите државни згради. Според прогнозите на владините експерти, до 2030 година сите возила чии мотори работат на нафта, ќе исчезнат од урбаната средина. За 2040 година плановите се сите нови автомобили продадени во Шкотска, да бидат со електрична основа.
Слично

Поврзани вести