Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкотска бара помош од Лондон поради падот на цените на нафтата

Шкотска бара помош од Лондон поради падот на цените на нафтата
Шкотскиот министер за енергетика, Фергус Јуинг, побарал од владата во Лондон да го ублажи данокот на оптоварување за нафтената индустрија во Северното море, со што овој сектор полесно би се изборил со падот на цените на нафтата. „Се соочуваме со сериозен предизвик“, изјавил Јуинг, и додал дека нафтената индустрија ќе помине и низ овие потешкотии, но дека на долг рок потребна и е поддршка од владата и дека тоа е нешто што до сега таа не добила. Кога цените на нафтата беа високи, нафтата од Северното море беше голем благодет за британската економија, а владата на премиерот Дејвид Камерун во 2011 година го зголеми данокот за оваа индустрија за 12 отсто. Цената на нафтата од типот „Брент“ од Северното море, меѓутоам денес забележа пад и изнесува 46,40 долари за барел, што е најниско ниво од март 2009 година, поради што Јуинг вели дека е вистински момент владата во Лондон да излезе во пресрет. Тој исто така, побарал финансиска помош од Лондон за вложување во нови и веќе постоечки нафтени извори. Цената на нафтата од јуни потона за 60 отсто, пред се поради растот на производството на овој енергенс, особено од нафтени шкрилци во САД, и слабата побарувачка во Европа и Азија.
Слично

Поврзани вести