Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ширеле провокативни објави по земјотресите, Турција апси

Ширеле провокативни објави по земјотресите, Турција апси

Околу 160 лица во Турција се приведени поради ширење страв на социјални мрежи по земјотресите.

Полицијата соопшти дека 157 луѓе во Турција се приведени поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари.  Единицата за компјутерски криминал работи деноноќно. Против 651 лице е поведена судска постапка, а на 29 им е одреден притвор.

Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на социјалните медиуми. Се верува дека објавите биле со цел да се создаде страв меѓу турските граѓани, наведува ТРТ-Хабер. Минатиот месец имаше силни земјотреси во Турција и Сирија во кои загинаа над 50.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести