Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шинзо Абе бара Путин да биде изваден од меѓународната изолација

Шинзо Абе бара Путин да биде изваден од меѓународната изолација

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе инсистира претседателот на Русија, Владимир Путин да биде изваден од светската изолација, бидејќи според него руската поддршка е клучот за решавање на кризата на Блискиот Исток, соопшти „Financial Times“.

Во интервју за јапонското издание „Nikkei“ и „Financial Times“, Абе наведува дека има желба да ја посети Москва оваа година или да го покани Путин во Токио, уште повеќе, дека тој претседава со групата на седумте најразвиени економии во оваа година.

Во коментар на тензиите помеѓу Саудиска Арабија и Иран, војната во Сирија и заканата од радикалниот исламизам јапонскиот премиер коментирал дека „има потреба од конструктивен ангажман на Русија“.

Г-8 ја исклучи Русија по анексија над Крим и поради воената поддршка, која Москва им ја дава на сепаратистите во источна Украина. Јапонија во принцип ги поддржува и меѓународните санкции против Русија, но Абе дава јасно до знаење да се разбере дека сака да работи со Путин.

„Како претседател на Г-7 треба да барам решенија во однос на стабилноста на регионот и светот“, изјавил тој во интервјуто, истакнувајќи и за тековниот територијален спор со Русија за Курилските острови. „Сметам дека најсоодветниот дијалог со Русија, најсоодветниот дијалог со претседателот Путин е многу важен“, додал Абе.

Шинзо Абе ја критикуваше и Кина за обидот еднострано да го промени статусот кво во Јужното Кинеско Море.

Потенцијална закана за безбедноста на Јапонија е и најавена од Северна Кореја за тестот со хидрогенската бомба. Иако неговите напори да ги врати киднапираните во земјата јапонски граѓани премиерот на Јапонија го поддржува зајакнувањето на санкциите против режимот во Пјонгјанг.

„Нуклеарниот тест кој Северна Кореја еднострано го одржа, е во прекршување на резолуциите на ОН“, коментирал Абе. „Треба да разјасниме дека Северна Кореја додека спроведува вакви активности не можат да очекува друг однос“, вели тој.

Абе се обидува да изврши и дополнителен притисок врз Јужна Кореја за примената на воениот пакт минатата година - најголемиот дипломатски успех минатата година. Тој нагласува дека тоа е „обврска и ветување помеѓу лидерите“, кое е топло пречекан од другите земји.

Слично

Поврзани вести