Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеврон мора да му плати на Еквадор 9 милијарди долари

Шеврон мора да му плати на Еквадор 9 милијарди долари
Американската нафтена компанија Шеврон мора на Еквадор да му плати казна од 9,51 милијара долари. Врховниот суд во Еквадор ја повтрди пресудата според која, американскиот нафтен гигант Шеврон е одговорен за еколошката катастрофа во басенот на реката Амазон. Со тоа е потврдена пресудата од 2012 година донесена против подружницата Шеврон, компанијата Тексако, и значајно е намален износот на отштетата од првобитните 19 на 9,51 милијарда долари, пренесува Франс прес. Шеврон никогаш директно не соработувал со Еквадор, но наследи тужба за загадување кога во 2001 година ја презеде компанијата Тексако. Според тврдењата на населението од тоа подрачје, пореди последиците од излевање на нафта во реката, повеќе од илјада од нив се разболеле, а многумина добиле рак.  
Слично

Поврзани вести