Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест милиони луѓе на Октоберфест годинава испиле 7,5 милиони литри пиво

Шест милиони луѓе на Октоберфест годинава испиле 7,5 милиони литри пиво

Во Минхен денес, на Денот на обединувањето на Германија, е затворен 184 Октоберфест, кој и оваа година го посетиле повеќе од шест милиони и луѓе.

„Оваа година Октоберфест го посетија повеќе од 6,2 милиони посетители, а на врв по бројот на посетители од странство најбројни се туристите од САД, Велика Британија, И Австрија“, изјавил директорот на Октоберфест Џозеф Шмид.

Бројот на посетители повторно се вратил на старо, бидејќи лани поради лошто време и страв од тероризам манифестацијата ја посетиле околу 5,6 милиони луѓе/

Шмид нагласил дека оваа година Октоберфест почнал на 16 септември, а дека траел два дена подолго поради празниците.

„За време на октоберфест, помеѓу останатото, изедени се 127 волови, 57 телиња и се тоа е залиено со 7,5 милиони литри пиво“, рекол Шмид.


Слично

Поврзани вести