Шест луѓе се повредени во терористички напад во Нов Зеланд
Teрористички напад го потресе Нов Зеланд. Во градот Окленд симпатизер на терористичката организација Исламска држава со нож во супермаркет повреди шест луѓе. Напаѓачот е смртно застрелан во рок од 60 секунди.
Од итната помош наведоа оти тројца од повредените лица се во критична, едно во тешка, а едно во умерено тешка состојба. Окленд е во строг локдаун додека се бори со новиот бран на коронавирусот.
Слично
