Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шел“ ќе вложува во производството на гас во Кина

„Шел“ ќе вложува во производството на гас во Кина
Околу една милијарда долари годишно ќе потроши Англо-холандската нафтена групација „Ројал Дач Шел“ во истражувања и експлоатација на енергенси во Народна Република Кина.

Овие амбициозни планови се поврзани со високиот потенцијал на раст на побарувачката на природен гас во Кина, сооопшти во средата кинескиот весник на англиски јазик „Чајна дејли“.

-Кинескиот пазар на природен гас има огромен потенцијал, изјави извршниот директор на „Шел“, Питер Возер.

„Шел“ сега поседува два гасни блока во провинцијата Сечуан, на југозапад на Кина, со кои раководи во соработката со „Кинеската национална нафтена корпорација“ (КНПК).

Двете компании во март годинава го потпишаа првиот договор во историјата на Кина за разработка на наоѓалишта на гас од шкрилци во блокот Фушун-Јонгчуан, на површина од 3.500 квадратни километри.

Директорот на Кинеската национална управа за енергетика Лиу Тјенан очекува годишната потрошувачка на гас во Кина до 2015 година да нарасне на 230 милијарди кубни метри.
Слично

Поврзани вести