Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕФОТ НЕ СМЕЕ ДА ВИ СЕ ЈАВУВА НАДВОР ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Каде сè постои ваков закон

ШЕФОТ НЕ СМЕЕ ДА ВИ СЕ ЈАВУВА НАДВОР ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Каде сè постои ваков закон

Австралија ќе воведе закони кои ќе им дадат право на работниците - без последици - да ги игнорираат неразумните повици и пораки од нивните шефови надвор од работното време, додека работодавците кои ќе го прекршат правилото ќе мора да плаќаат казни. Таканареченото „право на исклучување“ е дел од серијата измени на законот кои треба да ги заштитат правата на работниците и да помогнат да се воспостави рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, пренесува Ројтерс.

-Мнозинството сенатори рекоа дека го поддржуваат нацрт-законот, рече министерот за вработување Тони Бурк од владејачката Лабуристичка партија. Предлог-законот се очекува да биде претставен во австралискиот парламент оваа недела.

-Сакаме едноставно да кажеме дека некој што не е платен за работа 24 часа на ден - не треба да биде казнет ако не е онлајн и не е достапен 24 часа на ден“, рече премиерот на Австралија, Ентони Албанес.

Ројтерс потсетува дека слични закони веќе се во сила во Франција, Шпанија и други земји од Европската унија.


Слично

Поврзани вести