Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на военото разузнавање на САД предупреди: ИД ќе го зголеми бројот на нападите

Шефот на военото разузнавање на САД предупреди: ИД ќе го зголеми бројот на нападите

Исламска држава ќе го зголеми темпото и смртноста на атентатите во следните месеци, бидејќи групата се стреми да го разгори пламенот на меѓународниот конфликт. Ова го изјавил генерал Винсент Стјуарт, шеф на американското воено разузнавање, јавија светските медиуми.

Тој го поврза предупредувањето со создавањето на огранок на џихад групата во Мали, Тунис, Сомалија, Бангладеш и Индонезија.

Покрај тоа генералот немало да се изненади ако ИД која дејствува засега главно во Ирак и Сирија, ги прошири активностите од Синајскиот полуостров длабоко во Египет.

„Минатата година ИД делуваше само на боиштата во Ирак и Сирија и се прошири на глобален план во Либија, Авганистан, Нигерија, Алжир, Саудиска Арабија, Јемен и Кавказ“, вели Стјуарт. Според него целта на зголемената фреквенција и смртноста на терористичките напади од калифатот цели кон предизвикување на остри реакциите од страна на Западот, што пак би поддржало искривено претставување на западниот начин на живот како војна против исламот.

Коментарите на Стјуарт, цитирани од Reuters, беа направени ден пред тој и други претставници на американската разузнавачка заедница да го запознаат Конгресот со годишната оценка за заканите на глобално ниво.

Слично

Поврзани вести