Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на „Вагнер“ се жалел дека им наметнуваат многу обврски, а им даваат малку пари?

Шефот на „Вагнер“ се жалел дека им наметнуваат многу обврски, а им даваат малку пари?

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци добиени од американското разузнавање, напиша дека во придружбата на рускиот претседател Владимир Путин имало лице кое директно му кажало на претседателот за грешките во војната во Украина. Потоа беше објавено дека во извештајот на разузнавањето се наведува името на блискиот соработник на Путин, кој си дозволил да го критикува претседателот.

Извор од американската влада запознаен со извештајот вели за весникот дека се работи за бизнисменот Евгениј Пригожин, основач на платеничката група „Вагнер“, познат и како „готвачот на Путин“. Пригожин изразил незадоволство поради фактот што руското Министерство за одбрана наметнува премногу обврски за „Вагнер“, а притоа не издвојува доволно финансиски и материјални средства. 

Изворот на „Пост“ забележува и дека на социјалните мрежи кружи видео во кое борците на „Вагнер“ се жалат на недостиг од храна и залихи. Изворот рече дека видеото најверојатно е наместено за да го принуди Кремљ да одвои повеќе средства за платеници.

Евгениј Пригожин, преку прес-службата на компанијата Конкорд, изјави за „Вашингтон пост“ дека тој лично не комуницирал со Путин „ниту неодамна, ниту во некоја догледна иднина“, а исто така „не го критикувал раководството на вооружените сили на Русија за време на конфликтот во Украина“. Руската инвазија на Украина трае веќе 8 месеци. 

Слично

Поврзани вести